Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја освоија новата шампионска титула на Франција откако ремизираа против Стразбур (1:1) и математички го обезбедија првото место.
Рекордите повторно ги сруши Лионел Меси, додека една од најголемите ѕвезди на Париз, Килијан Мбапе, имаше незгодна ситуација на загревањето.
Имено, Мбапе со топка удри една од навивачките на ПСЖ во носот, при што во таа прилика го повреди.
Нејзиниот нос и крвареше, медицинскиот персонал мораше брзо да помогне, додека самиот Мбапе дојде да види во каква состојба е.
Не изгледаше многу добро, но навивачката се насмеа штом го виде Французинот како и доаѓа на помош.
Таа доби и специјален подарок по натпреварот, бидејќи Мбапе и го предаде дресот што го носеше против Стразбур.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен игра одлично оваа сезона и на 42 натпревари постигна 40 гола со 10 асистенции.