Навивачите на Партизан и Црвена звезда се судрија во близина на Ургентниот центар во Белград.

Ден по 167. вечно дерби, се појави видео од конфликтот. Две групи навивачи фрлале со столови, се тепале, а еден од нив останал да лежи на земја.

Очевидци на овој настан се засолниле по околните улици и кафеани, додека некои тврдат дека имало димни бомби и факели.

На видеото споделено на социјалните мрежи не се гледа употреба на пиротехнички средства, но луѓето се прашуваат каде е полицијата за да спречи вакви немири.

На просторот околу стадионите на Црвена звезда и Партизан беа распоредени силни полициски сили, а околу два часа пред саботното дерби беа затворени улиците и приодите кои водат од Автокоманда, Булевар на ослободувањето и Војводе Степе до стадионот на Црвена звезда.

Тепачката меѓу навивачите се случила на стадионот „Рајко Митиќ“, на источната трибина, но конфликтот брзо завршил.

Потсетуваме, дербито заврши 0:0, а Звезда остана на два бода пред вечниот ривал.

By Author