Во тек е вториот меч од полуфиналсниот дуел од плеј офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија помеѓу вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром кое се игра во салата Кале.
Уште на стартот на мечот видовме битка на теренот, но и прекин. Навивачите фрлија хартиени ленти, кои го „преплавија“ поголемиот дел од теренот, по што мечот нормално беше прекинат. Следуваше и гужва на трибините, на страната каде што се наоѓаат најверните навивачи на Работнички. По неколкуминутна пауза, тензии и гужва, ситуацијата се смири.
Благодарение пак на играчите од двата табора, теренот беше расчистен од кореографијата па во 18 часот мечот нормално продолжи.
На пауза заминаа аеродромци со 8 разлика предност 34:42.