Oваа сезона не му оди особено добро на Реал Мадрид. Тие се втори во шампионатот зад Барселона, а според пишувањата на шпанските медиуми, претседателот Флорентино Перез веќе размислува за смена и кој би можел да го замени Карло Анчелоти доколку дојде до промена.

Тоа е Микел Артета, кој одлично си ја врши работата оваа сезона во Арсенал и се бори за титулата во според многумина најсилната лига во светот, Премиер лигата.

Затоа претседателот на „кралевите“ како можен наследник на Италијанецот го одбрал него.

– Перез му замерува наАнчелоти дека им дал малку шанси на Марко Асенсио и Дани Себаљос. На крајот на сезоната доколку Реал не излезе од кризата Анчелоти може да се соочи со отказ . Главен кандидат за негово замена е Артета – пренесуваат медиумите од Шпанија.

Тоа би ги разгорело страстите на Пиринеите, бидејќи иако актуелниот стратег на „топчиите“ е роден во Сан Себастијан, тој играше за вториот тим на Барселона.

By Author