Баерн Минхен денеска повторно стаса до титулата германски првак, бидејќи на гостински терен го совладаа Келн во последното 34. коло од Бундес лигата.
Баерн влезе во последното коло од германскиот шампионат два бода зад Борусија Дортмунд и му требаше победа во Келн за 11-та последователна титула и Мајнц да остане непоразен во Дортмунд, што на крајот и се случи.
Поради повреда на натпреварот не настапи најдобриот играч на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, кој следната недела ќе стане играч на Реал Мадрид, а трансферот треба да биде вреден над 100 милиони евра со дополнителни бонуси.
Тој покажа колку му значело што Борусија не стана шампион и по мечот, бидејќи тој неуспех го доживеа многу емотивно.
Младиот Англичанец ја оттурна камерата која се обиде да ги долови неговата емоција и солзи откако ги поздрави фановите.
Белингем ја започна својата кариера во Бирмингем, Борусија Дортмунд го купи во 2020 година кога имаше само 16 години. Досега за германскиот клуб има 132 настапи, 24 гола и 25 асистенции.
Сезонава одигра 42 натпревари за првиот тим, постигна 12 и асистираше за седум гола, додека специјализираната веб-страница за трансфери „Трансфермаркт“ го проценува на 120 милиони евра.