Тренерот на шпанскиот Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е загрижен поради тоа што улогата на фаворит ќе му биде доделена на Манчестер Сити, пред нивниот дуел од полуфиналето на Лигата на шампионите во денес од 21.00 часот.

„Луѓето велеа дека има две екипи во полуфиналето за кои никој не веруваше дека ќе бидат таму, а тоа се Виљареал и Реал Мадрид. И еве сме во полуфинале. Реал секогаш ќе се натпреварува, тоа е она што ние секогаш го правиме“, изјави Анчелоти.

Реал во осминафиналето го елиминира фаворизираниот Пари Сен Жермен, додека во четвртфиналето беше подобар од актуелниот европски првак Челзи.

Имавме тешки противници кои важеа за фаворити, утре ќе се обидеме повторно да бидеме на високо ниво“, изјави Анчелоти.

Ова е 10-то полуфинале во Лигата на шампионите за Мадрид во последните 12 сезони. Реал го држи рекордот со 15 настапи во полуфиналето.

Пред дуелот под знак прашалник е настапот на Давид Алаба и Каземир.

Поверојатно е дека Алаба ќе може да настапи, за разлика од Каземир. Се труди, се труди. Ќе видиме“, изјави Анчелоти.

By Author