Нема шанси да е пенал“, изјави Гери Невил.

Хрватската фудбалска репрезентација е поразена со 0:3 од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Лусаил, а в сабота ќе се бори за бронза против поразениот од дуелот Мароко-Франција. Аргентина поведе со голот на Меси од пенал во 34. минута, но му претходеше контроверзен фаул.

Алварез се вметна меѓу Ловрен и Гвардиола, сам одеше кон голот, а судирот меѓу Ливаковиќ и аргентинскиот центарфор Орсато го окарактеризира со удар од белата точка. Залудни беа протестите на сите играчи на хрватска и на целата клупа. А поранешните фудбалери и денешните коментатори на британските медиуми сметаат дека Хрватска е оштетена.

– Нема шанси да е пенал“, изјави Гери Невил.

– Не ја ни прегледаа снимката. Не е пенал – смета Иан Рајт.

– Се согласувам, тоа не е пенал – додаде Рој Кин.

А судискиот стручњак на ХТВ Марио Страхоња потврди дека судијата погрешил. – Ливаковиќ како голман ги има сите права и можеше да влезе и да намести како што намести. Навреме ја спушти десната нога и не го собори играчот. Голманот мора да биде на тој пат – рече Страхоња и додаде: – Ако погледнете внимателно, ќе видите дека Ливаковиќ направил се што треба да направи еден голман. Погрешна одлука на судијата бидејќи немаше причина за пенал. Ливаковиќ не тргнал по напаѓачот и не го удрил намерно, само дошло до судир.

By Author