Женската атлетска репрезентација на САД го освои златниот медал во штафетата 4×100 метри на Светското првенство во Јуџин.
Американките до златото стигнаа откако патеката ја истрчаа за 41,14 секунди. Во штафетниот тим беа Мелиса Џеферсон, Аби Стајнер, Џена Прандини и Тваниша Тери.
Второто место им припадна на Јамајканките кои заостанаа четири стотинки зад победничките. Во тимот на Јамајка беа Кемба Нелсон, Елејн Томпсон-Ера, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон.
Бронзата им припадна на Германците, кои патеката ја истрчаа за 42,03 секунди. За Германија се трчаа Татјана Пинто, Александра Бургарт, Џина Лукенкемпер и Ребека Хасе.