На една од снимките направена за време на синоќешната драма на сплавот „Фристајлер“ е снимен речиси неверојатен момент – клубот тоне, панични луѓе се обидуваат да излезат на безбедно, а трубачи без престан свират на кејот.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случи синоќа во популарен клуб велат дека водата почнала да се крева десет минути по полноќ, но дека прво не сфатиле што се случува. Кога се сплавот се искривил почнала паника и почнало бегството кон излезот.

Игор Васиќ од МВР, како што јави Бета, изјавил дека белградскиот сплав Фристајлер, кој делумно потона синоќа, е навреме евакуиран и дека нема повредени.

Шапиќ се огласи за потонатиот сплав
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, при посетата на првороденото бебе, на новинарско прашање за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ одговараше дека не бил на местото на настанот, но дека слушнал дека „на сплавот се сместени два до три пати повеќе луѓе од дозволениот број“.

Најави дека ќе се истражат сите околности, а најави и борба против дивите сплавови, пишува Н1.

By Author