Светскиот рекет број еден го победи стариот ривал Стен Вавринка со 2:0 во сетови во осминафиналето на финалето на Мастерсот во Рим.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, со победата над Стен Вавринка со 2:0 во сетови, па во четвртфиналето ќе игра против Канаѓанецот Феликс Аугу Алиасима.

Новак веднаш направи брејк на стартот од мечот. До 4:2 и двајцата ги задржаа своите сервиси, а потоа Ѓоковиќ направи двоен брејк и потврди во следниот, со што го зема првиот сет (6:2).

Вавринка не ја прикажа играта како претходните години, но разбирливо затоа што долго време беше надвор од теренот поради операција, па одлична работа е што се врати на тенисот воопшто.
Во вториот сет, истата приказна. И на почетокот Новак повторно прави брејк. До 3:1 и двајцата ги задржаа своите сервиси, а потоа Ноле го задава последниот удар со нов, двоен брејк кој практично реши се.

Сепак, Вавринка го врати брејкот во следниот гем и на крајот му го одзеде сервисот. Но, евидентно е дека Швајцарецот не е во форма, веднаш го загуби гемот, па Новак сервираше за меч и го доби сервис гемот со нула и се пласираше во четвртфиналето каде го чека Феликс Ауге Алијасим.

By Author