За прв пат оваа година, Мајами ја доби честа да биде домаќин на трката во Формула 1.
Иако патеката на прв поглед изгледа фантастично, возачите открија дека има многу недостатоци.
Тркачката патека е изградена околу стадионот „Хард рок“ во кој се наоѓа НФЛ тимот Мајами Долфинс, а се чини дека организаторите повеќе внимавале на изгледот отколку на безбедноста на патеката.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц и возачот на Алпините, Естебан Окон имаа најголеми замерки на патеката. За време на слободните тренинзи, двајцата имале несреќи кои според нив требало многу полесно да ги поминат.
Естебан Окон излета во саботата и во таа прилика удри во ѕидот со сила од 51Г.
„Навистина е неприфатливо, беше 51G и не требаше да биде толку голем ударот. Карлос се пожали на директорот на трката и ништо не беше направено. Ударот на Карлос беше преголем за мала брзина, ова е најголемиот удар во мојата кариера. “, рече Окон..
Саинц имаше инцидент во петокот, кога со втора брзина удри во ѕид.
„И кажав на ФИА дека мојата несреќа во втора брзина не требаше да ме боли толку многу. И во саботата почувствував болка во вратот. Им реков дека треба да се стави Текпро, бидејќи бетонскиот ѕид е многу тежок. Никогаш нема да ѓи разберерам тие работи“, рече Саинц.
Возачот на Ред Бул, Серхио Перез се пожали на површината на патеката.
„Подлогата е шега. Возачите ќе грешат во недела бидејќи сме доведени во ваква ситуација“, рече Перез.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Мајами, а по него следуваат Карлос Саинц и актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен.