Одлично возење на актуелниот шампион.
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на трката во Формула 1, која се возеше за Големата награда на Емилија Ромања.
Актуелниот светски шампион на патеката Имола ја постигна 22-та победа во кариерата, а втор целта ја мина неговиот тимски колега Серхио Перез.макс
Возачот на Мекларен Ландо Норис се искачи на последното место на победничкиот подиум.
Џорџ Расел од Мерцедес заврши четврти, Валтери Ботас од Алфа Ромео заврши на петтото место, додека возачот на Ферари Шарл Леклер заврши на шестото место.
Бодови постигнаа и Јуки Кунода (Алфа Таури), Себастијан Фетел (Астон Мартин), Кевин Магнусен (Хас) и Ленс Строл (Астон Мартин).
Во генералниот пласман лидер е Леклер со 86 бодови, Ферстапен е втор со 59 бодови, додека Перез е трет со 54 бодови.