Сити го победи Атлетико со 1:0 гол на Де Брујн, Ливерпул лесно ја совлада Бенфика со 1:3

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Атлетико Мадрид (1:0), во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Стрелец на победничкиот гол беше Кевин Де Брујн во 70. минута од натпреварот.

Атлетико во текот на целиот натпревар беше во подредена позиција, Сити напаѓаше и тоа на крајот вроди со плод, па во реваншот ќе влезе со минимална предност.

Во вториот натпревар Ливерпул лесно ја совлада екипата на Бенфика во Лисабон и победи со 1:3.

Ливерпул одигра одлично прво полувреме и дојде до два гола предност.

Поведоа во 17. минута со голот на Ибрахим Конате , предноста ја дуплираше Садио Мане во 34 минута и Луис Дијаз во 88. минута го постави конечниот резултат.
Стрелец за домашните беше Дарвин Нуњез во 49. минута.

Ливерпул го диктираше темпото во текот на првото полувреме, а покрај двата гола големи шанси пропуштија и Мохамед Салах и Наби Кеита.

Во вториот дел приказната беше поинаква, Нуњез му даде надеж на својот тим кој заигра уште подобро по голот. Домашните имаа неколку шанси, но не можеа да постигнат гол. Ливепрул ја искористи својата шанса пред крајот на натпреварот и ја зголеми предноста пред реваншот во Англија.

By Author