Можеби за последен пат во Катар ќе го видиме легендарниот Лионел Меси во дресот на Аргентина.
Меси најави можност да стави крај на кариерата со „гаучосите“ и да продолжи да игра во клупскиот фудбал.
„Размислувам за она што доаѓа сега, во Еквадор. По Светското првенство ќе треба да преиспитам многу работи“, искрен беше Меси.
Аргентина ја совлада Венецуела со 3-0, но тоа остана во сенка на изјавите на Анџело ди Марија и Меси.
Ди Марија нема никаква дилема, само што го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, постигна гол и забележа асистенција.
“Би сакал само да ви се заблагодарам за големата љубов што ја добив.Отсекогаш сум сонувал за сето она што го поминав низ овие прекрасни ноќи. Ова веројатно беше мојот последен натпревар во овој дрес во Аргентина. Ви благодарам, благодарам и уште илјада пати благодарам ти“, рече Ди Марија.