Шведската скијачка Сара Хектор освои златен медал во велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг.
29-годишната скијачка стигна до своето прво поединечно злато на големите натпреварувања со време од 1:55,69 минути.
Италијанката Федерика Брињоне беше побавна за 0,28 секунди, па на бронзениот што го освои пред четири години во Пјонгјанг додаде сребрен медал.
Како и на претходните Игри, на последното скалило од победничкиот подиум се искачи Лара Гут Бехрами од Швајцарија, која заостануваше 0,72 секунди зад победничката.
Шампионката од Зимските олимписки игри од Пјонгчанг, Американката Микаела Шифрин остана без пласман бидејќи изгуби контрола и падна при првото возење.
„Огромно разочарување, а да не зборуваме за медалот. Денот заврши уште пред да започне“, рече Шифрин.
Второто возење го одбележа падот на Американката Нина 0’Брајан, по што трката беше привремено прекината додека и се помагаше.