Историски момент се случи на свеченото отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ), кои започнаа денеска во Кина – една од девојките кои го носеа олимпискиот факел припаѓа на националното муслиманско малцинство Ујгур.

Станува збор за скијачката Динигир Џиламуџијанг.

Вклучувањето на Ујгурите во заедницата доаѓа во време кога Кинеската комунистичка партија и нејзиниот лидер Кси Џинпинг се соочуваат со обвинувања дека воделе кампања за масовно затворање и превоспитување на муслиманските Ујгури во западниот регион Ксинџијанг.

Соединетите Држави го оценија овој чин како геноциден. Тоа беше една од причините што голем број земји од Западот, меѓу кои и САД, го бојкотираа учеството на Зимските олимписки игри и доаѓањето на церемонијата, пренесува Њујорк Тајмс.

Тие факелот ќе го носат до олимпискиот котел, кој потоа ќе го запалат.

Палењето на олимпискиот огин е централниот ритуал на секое отворање на Олимпијадата, бидејќи домаќините измислуваат сè поспектакуларни начини да го запалат пламенот што останува запален за време на спортскиот фестивал.

By Author