Ова ќе биде една од најважните средби оваа сезона во Ла Лига, бидејќи Реал Мадрид и Барселона ќе се сретнат денес на Ел Класико во трка за титулата. Но, има многу дилеми во пресрет на големиот судир тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сподели своите ставови на жешката тема – иднината на Лионел Меси во каталонскиот клуб.

Говорејќи во пресрет на новото Ел Класико, Зидан изјави дека се надева дека Лионел Меси ќе остане во Барселона и дека тоа нема да биде неговото последно Ел Класико.

Тренерот на Реал Мадрид,се надева дека средбата денес меѓу неговиот тим и Барселона нема да биде последен пат Лионел Меси да игра на теренот на едно Ел Класико. Новиот претседател Лапорта вети дека ќе го задржи Аргентинецот во клубот, но досега не е договорен нов договор.

„Се надевам дека не е (последното ЕЛ Класико на Меси), сакам да остане во Барселона, добро е за шпанската лига“, изјави Зидан.

„Знаеме каков играч е тој, но тие се многу добри како тим и ќе мора да се обидеме да ги запреме да играат со сите свои сили и ние да бидеме што е можно подобри со топката и да играме најдобро што знаеме. “

Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната а аргентинтинецот навистина не беше задоволеен од тоа во која насока се движат работите во каталонскиот клуб. Откако испаднаа од Лигата на шампионите ништо помалку од победа во Ла лигата нема да го натера Меси да продолжи во Барселона.

By Author