Во реванш натпреварот Веспрем го совлада Вардар со 39:30 и се пласираше во следната фаза.Бившиот вардарец Дејвис по втората победа над поранешниот тим беше видно задоволен па имаше само пофални зборови за сите играчи.
Среќни сме затоа што сме во наредната фаза, тоа бшее нашата цел. Морам да бидам среќен од она што го видов од тимот и од играта во текот на целите 60 минути. Игравме според планот и имам само добри и пофални зборови за сите играчи. Му посакувам среќа на Вардар во продолжението од сезоната, а истовремено се надевам дека на следните мечеви ќе има публика на трибините и ќе не бодри“, изјави Дејвис.
Веспрем во следната фаза ќе се соочи со Нант на нашиот Кире Лазаров кој го исфрли полски Киелце и направи изненадување.