Денес на поплавениот Пољуд во Сплит се играше последниот натпревар од групата Х помеѓу Хрватска и Русија. Тие меѓусебно одлучуваа која репрезентација ќе обезбеди директно учество на светското првенство.

Русите сами се поразија.
Хрватските репрезентативци од почетокот играа поагресивно, имаа повеќе шанси но недостасуваше реализација. Пред крај на натпреварот во81минута рускиот дефанзивец Фјодор Кудрјашев го матираше својот голман и им ја завери визата на коцкестите за Катар.

Руската репрезентација ќе го почека баражот другата година заедно со Македонската репрезентација и останатите кој не изборија директен пласман.

By Author