Приказната за Јованка Броз не е раскажана до крај, а новиот увид во неа ќе ја донесе новата играна документарна серија “Јованка Броз и тајните служби“.
Важна, интригантна, таинствена, моќна споруга на уште по моќниот Јосип Броз ТИТО. Ова остварување ги прати најважните случувања од животот на Јованка Будисављевич, покасно Броз. Од доаѓањето во Белиот дворец, мажењето до неспоразумите, оптужбите и разделбата од ТИТО, потполната изолација и животот во нехумани услови. Ликот на жената која била еден од заштитните симболи на југословенската држава во ова остварување го тумачат две глумици Снежана Савич и Милица Томашевич. Зачудувачка е сличноста на глумиците колку и двете физички потсеќаат на ликот на Јованка, а и двете одлично се снашле во таа улога.
Сценариото сигурно ќе привлече големо внимание на телевизиската публика.