На почетокот на корона кризата Македонија и македонската влада се мачеше да најде вакцини за своето население. Соседна Србија не само што имаше вакцини за сопственото население, туку и донираше и на нашата држава, а вакцинираше и странци од соседството на нејзина територија. Па така не беше мал бројот на Македонци, Босанци, Хрвати што патуваа во Србија за да примат вакцини. Дали српската влада е толку добронамерна и загрижена за околното население или најде начин во време на корона да ја зајакнат ослабената економија и туризмот.
Најново во корона туризмот како наведува новинската агенција А.П. се турите за вакцинација на руси кој што сакаат да добијат вакцина која е одобрена од светската здраствена организација. Турите на пазарот се појавиле на средината на септември, а нивната цена се движи од 300 – 700$ зависно од тоа што е вклучено. Како што наведува А.П Србија која не е членка на ЕУ е добар избор на русите за вакцинирање за тоа што можат да влезат во земјата без виза и затоа што земјата нуди широк избор вакцини од западно производство.
Се повеќе руси може да се забележат по хотелите, рестораните, баровите и клиниките за вакцинирање. “Луѓето не сакаат да чекаат, потребна им е можност да одат во Европа од различни лични причини” рекла пртпаролката на туристичката агенција Руски експрес во Москва.