Се одигра и вториот натпревар од европската сребрена лига во одбојка. Македонија Израел 3-1 во сетови.

По лошто издание на македонските репрезентативци во првиот сет кој го изгубија со 25-21 истите ја подигнаа својата форма во натамошниот дел од натпреварот па ги добија вториот и третиот сет со 22-25 и 23-25. Во решавачкиот четврти сет израелците изиграа фантастично во кој најпрво ние имавме две меч топки кој израелците ги спасија по што дојдоа до пет сет топки кој не успаа да ги искористат, за на крај нашите репрезентативци да одиграат три фантастични поени и дојдат до победата.

Во овој натпреват двете екипи имаа по четири играчи кој имаа двоцифрен број на поени. Во нашата екипа најефикасен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 23 поени, по него фантастично можеби и најдобро изданије имаше Ристо Николов со 16 поени, а по нив селедеа Владо Милев и Филип Мнџуков со по 10.Вечерва во 20:00часот македонските репрезентативци ќе ги одмерат силите можеби и со најголемиот ривал за првото место Данска која го докажа тоа со двете победи над Израел со со 3-2 и над Кипар со 3-0.

Фото:vfmkd.mk

By Author