Сакам да играме заедно со Кристијано Роналдо. Јас веќе играв со одлични играчи како Меси и Mбапе, но сe уште не сум играл со Роналдо – изјави Нејмар за „GQ France“.
Продолжи во истиот ритам.
- Сакам да го освојам Светското првенство со Бразил, тоа отсекогаш беше мојот најголем сон. Исто така, сакам да освојам сe со ПСЖ. Наскоро ќе наполнам 30 години, и имам одлична кариера на личен план.
Досега Нејмар секогаш го фалеше Меси, тие имаат одличен однос, но … Како ќе реагира големиот ас на овие нови моменти?