УЕФА донесе одлука финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челзи да не се игра во Истанбул, пренесуваат британските медиуми.
Највлијателните медиуми од Островот ја објавија информацијата дека овогодинешното финале на најелитното европско натпреварување ќе се игра во Англија!Наводно, по огромниот политички притисок, УЕФА решила финалето да го премести од Турција во англиски град, а најголем фаворит се Лондон и стадионот Вембли.
Турција е на црвената листа на британската влада поради коронавирусот и секој што ќе се врати од таа земја ќе мора да биде во десетдневен карантин, а Британците сакаат да го избегнат тоа, па затоа вршат голем притисок да се премести финале.
Финалето е закажано за 29 мај, а конечната одлука за домаќинот ќе биде донесена во вторник.УЕФА претходно донесе одлука навивачите да имаат дозвола да присуствуваат на последниот натпревар, па финалистите ќе добијат по