Во новото соопштение од Евролигата е најавено дека секој нареден натпревар од Евролигата и Еврокупот ќе започнува со минута молчење.
Оваа одлука дојде откако Палестинците го нападнаа Израел и убија голем број невини луѓе.
Поради воената состојба во Израел, натпреварот помеѓу Макаби и Олимпија Миланонема можност да се одигра, па се изнаоѓаат долгорочни решенија, бидејќи прашање е кога ќе се регулира проблемот во земјата.
Сите натпревари на израелските тимови се суспендирани од Министерството за спорт до понатамошно известување.