Неверојатна Формула 1 трка. Саинц во Сингапур стави крај на сензационалната серија на Ред Бул: Ферари за прв пат на тронот по Австрија минатата година
Возачот на Ферари, Карлос Саинц успеа да ја запре одличната серија на Ред Бул во трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1 и да ја постигне првата победа за својот тим по Австрија минатата година кога славеше Шарл Леклер.
Шпанецот славеше пред Ландо Норис и третопласираниот клубски колега Луис Хамилтон, на крајот Шарл Леклер заврши како четврти.
Ова е втора победа за Саинс во кариерата, а првата ја оствари претходната година на Големата награда на Велика Британија. Шпанецот воедно ја прекина и серијата на Верстапен од 10 последователни победи.
Инаку, пред Сингапур, Ред Бул врза 15 победи во низа, па нема да успее да однесе победа од сите трки во овогодинешниот календар на Формула 1, што навистина би било своевиден подвиг.
Трката беше многу возбудлива до самиот крај. Расел се обиде да направи смена на местата на подиумот, но не успеа. Згора на тоа, во последниот круг тој удри во бариерите и испадна од трката.
Верстапен го држи првото место во генералниот поредок на возачи со 374 бодови, додека Перес е втор со 223.
Следната трка ќе се вози на 24 септември за Големата награда на Јапонија.