Српската атлетска репрезентативка на Ивана Вулета продолжи да доминира. Таа по златниот медал на Светското првенство во Будимпешта победи и на митингот од Дијамантската лига што денеска се одржа во кинескиот град Шиамен.
Вулета денеска во скок во далечина постигна резултат 6,88, што беше доволно за заземање на првата позиција.
На овој начин сјајната Зрењанинка ја постигна рекордната 18-та победа на митинзите од Дијамантската лига, чие големо финале е закажано за 16 септември во Јуџин.
– Задоволни сме и од победата како и од резултатот, со оглед на тоа што Ивана денеска скокаше од скратен залет за да ги зачува силите и свежината за финалето – истакна тренерот Обрадовиќ, а пренесува „Телеграф“.
За потсетување, Вулета досега четири пати го освојуваше трофејот во Дијамантската лига и сега ќе има можност да ја прошири колекцијата на трофеи.
Извор: Телеграф