Бајката на Елина Свитолина продолжува.

Каков шок на Вимблдон! Украинката Елина Свитолина тенисер во светот ја направи најголемата сензација која ја исфрли големата фаворитка и тенисерка број еден во светот Ига Швионтек.

Свитолина победи со 7:5, 6:7 6:2 и во полуфиналето ќе игра против Маркета Вондрушова, која исто така направи изненадување и ја совлада Американката Џесика Пегула.

Швионтек важеше за голем фаворит пред мечот, но Свитолина во предходното коло ја исфрли и фаворизираната Викторија Азаренка, па тоа сигурно беше огромен аларм за Швионтек.

Украинката по 2019 година вторпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Вимблдон.

Свитолина во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Чехинката Маркета Вондроусова, која претходно ја победи Американката Џесика Пегула со 6:4, 2:6, 6:4.

Во преостанатите две четвртфиналиња на Вимблдон утре ќе играат Елена Рибакина (Казахстан) – Унс Џабир (Тунис) и Арина Сабаленка (Белорусија) – Медисон Кис (САД).

By Author