Д.О.(33) веднаш бил приведен и делото го признал
Од дворниот стан, односно од куќата во центарот на Белград, полицијата ги извадила деловите од телото во пластични кутии, за кои постои сомневање дека му припаѓаат на Ноа Миливојев (18), која била убиена од осомничениот Д.О.(33).
Тој ја исекол на парчиња и ја спакувал во кутии. Веднаш бил уапсен и го признал делото.
Изнесени се и докази во хартиени кеси.
Ноа беше трансродово лице од Ковил, кое исчезна во саботата на 17 јуни.
Како што дознаваме, нејзиното тело било пронајдено исечено на парчиња и спакувано во кутии.
Во разговор со соседите се дознава дека осомничениот и Ноа често се расправале, а уапсениот често носел и други девојки.
„Често се караа, неодамна се слушаа врисоци и пискотници. Полицијата веќе дојде и го испрашуваше за нејзиното исчезнување. Често носеше и други девојки во станот. Често ги гледавме заедно, а потоа од еден момент повеќе не ја видовме. Инаку, во последно време користи патерица“, рекле соседите.
Ноа била трансродова личност од Ковил, која исчезнала во саботата на 17 јуни.
Извор: Телеграф