Титулата оди во Англија! Со еден гол ја однесоа победата во големото финале, Граѓаните првпат во историјата станаа европски шампиони
Нероаѕурите беа рамноправен ривал во голем дел од натпреварот, дури и создадоа неколку сериозни шанси, но среќата и умешноста беа на страната на граѓаните.
Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер играа во Истанбул во нереално финале на овогодинешното издание на Лигата на шампионите, кое му припадна на тимот од Премиер лигата. „Граѓаните“ славеа минимално со 1:0, а стрелец беше Родри во 68. минута.
Од самиот почеток на натпреварот Сити беше порасположен, имаше неколку полушанси, но не му се закани на Андреа Онана.
Голманот на Интер е тој со најмногу одбрани во сезоната во Лигата на шампионите. Тој додаде уште две одлични во првото полувреме. Ерлинг Халанд двапати се соочи со поранешниот играч на Ајакс, но голманот на гостите излезе како победник.
Она што ги загрижи навивачите на Сити од 36. минута е повредата на Кевин де Бруин, која мораше порано да го заврши натпреварот. Фил Фоден влезе наместо него.
До полувремето имаше спорадични шанси на двете страни, но мрежите на Едерсон и Онана останаа мирни.
Лаутаро Мартинез имаше одлична можност во 59. минута. Тој излезе дијагонално пред Едерсон. Реагираше малку себично, го имашена Ромелу Лукаку кој втрчувашр, а акцијата еден на еден со голманот на Сити заврши со промашување.
Девет минути подоцна ги стигна казната од Родриго. Аканжи и Силва повлекоа по десната страна, Португалецот ја врати топката, која што стигна до Родри кој ја смести зад Онана, кој овојпат беше немоќен.
На теренот беа разменети удари меѓу екипите. Во 71. минута Федерико Димарко имаше одлична шанса, а седум минути подоцна исто толку добра шанса имаше и Фил Фоден.
Сепак, на крајот се радуваше Манчестер Сити кој под водство на тренерот Пеп Гвардиола ја освои првата титула европски првак во клупската историја.