Мира Андрејева продолжува да „меле“. Девојката има само 16-години и игра нереален тенис бидејќи во второто коло на Ролан Гарос за 1 час и 18 минути ја декласираше Дијана Пари со 6:1, 6:2 и со тоа се пласираше во третото коло на турнирот во Париз.

Таа беше подобра од 79-та тенисерка во светот, домашна натпреварувачка, и со тоа стана само втората тенисерка во 21 век која загуби само три гема (или помалку) пред нејзиниот 17-ти роденден во победата на Ролан Гарос, што пред неа и успеало само на Анастасија Пављученкова во 2008 г.

Ова и е првпат во животот да настапи во главниот дел на Грен слем турнирот, а следна противничка ќе и биде победничката од дуелот меѓу Јулија Грабер и Коко Гоф.

By Author