Кошаркарите на Бостон успеаја да останат во живот и на крајот да одиграат на нивото што се очекува од нив во четвртиот меч и го победија Мајами со убедливи 116:99 и ја намалија негативата на 3:1, во финалната серија од Источната конференција на НБА лигатa.

Мајами најголемиот дел од првото полувреме го мина во водство, а првиот дел од натпреварот заврши со резултат 56:50 за домашните, за потоа можеби преопуштено влезе во вториот дел од натпреварот.

Следеше одлична трета четвртина на Селтикси , целиот тим се разбуди и ја доби третата четвртина со резултат 38:23.

На почетокот на вториот дел Бостон направи серија од 18:0 и поведе со 70:61. До крајот на натпреварот гостите го зголемуваа резултатот и во два наврати во текот на последната четвртина водеа со плус 18.

Бостон дојде до клучна предност со шут за три поени. Гостите беа прецизни 18 пати од далечина, додека играчите на Мајами постигнаа осум тројки, со кои Бостон направи 30 поени разлика во овој сегмент од играта.

Во досегашната историја на НБА од 150 натпревари, ниту една екипа која во плеј-офот загуби со 3:0 не успеа да ја сврти серијата и да продолжи понатаму.

До победата гостите ги предводеше Џејсон Тејтум со 33 поени, 11 скока и седум асистенции. Со својата втора тројка на натпреварот, Тејтум го собори рекордот во плејофот на франшизата (220), кој претходно го држеше Пол Пирс.

Џејлин Браун постигна 17 поени за Бостон, Дерик Вајт додаде поен помалку, а Грант Вилијамс забележа 14 поени и шест скока.

Најефикасен во тимот на Мајами беше Џими Батлер со 29 поени, заедно со девет скока и пет асистенции, Гејб Винсент постигна 17 поени, а Кејлеб Мартин додаде 16 поени.

Така, не бевме сведоци на историјата како две екипи во конференциските финалиња ги победија своите ривали со 4:0 во серија. Лос Анџелес Лејкерс не најдоа решение за Никола Јокич додека Бостон го забави Џими Батлер доволно за да му даде шанса на Тејтум да биде херој.

Серијата сега се сели во Бостон каде Селтикси ќе се обидат да ја продолжат серијата во ноќта меѓу четврток и петок (2.30 часот). Екипата на Денвер вчера се пласираше во своето прво големо финале, совладувајќи го Лос Анџелес Лејкерс со 4:0 во финалето на Западната конференција.

By Author