Фудбалерите на Интер од Милано станаа првите финалисти во Лигата на шампионите, откако во вториот полуфинален натпревар славеа против најголемиот ривал, тимот на Милано, со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез, а сино-црните се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:0.
Многу очекувања пред овој натпревар, а толку малку забава. Тоа е најкраткиот начин да се опише се што се случуваше на Џузепе Меаца оваа вечер. Додуша, треба да се каже и дека тоа беше сосема очекувано, со оглед на тоа што Интер имаше огромна предност од првиот меч (2:0).
Милан сакаше, очекуваше многу, но очигледно не е така лесно да се надополни негативата и да се поправи се за само 90 минути. Можеби ќе беше, доколку Брахим Дијаз успееше да го совлада Андреа Онана во 11. минута, но репрезентативецот на Камерун лесно го одбрани неговиот удар.
Тоа беше и единствената можност во првата третина од натпреварот, бидејќи после тоа екипите целосно ја замрзнаа играта. Не беше многу за гледање, а потоа меѓу 30 и 40 минута се случија најголемите шанси. Најпрво во 38. минута Рафаел Леао шутираше неколку сантиметри покрај голот на Андре Онана, а потоа две минути подоцна шанса имаше и Мхтаријан, но неговиот удар го спречи Мајк Мењан.
Тоа беше од првото полувреме, а второто полувреме беше многу, многу помалку значајно. Практично, иако се виде гол, ништо друго освен тоа. Лаутаро имаше една шанса, ја искористи и тоа беше доволно за да се слави во тимот на Интер кој сега го чека подобриот од дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите.
Финалето на Лигата на шампионите е закажано за сабота, 10 јуни, а ќе се игра на Олимпискиот стадион Ататурк во Истанбул.