Фудбалерите на Барселона ја освоија 27-та шампионска титула во клупската историја, а прва по сезоната 2018/2019, бидејќи на гостински терен го совладаа Еспањол со резултат 4:2 во натпреварот од 34. коло на Примера.

Реал на кратко и јасно преку Твитер се огласи и им го честиташе пехарот

Барселона поведе со голот на Роберто Левандовски во 11. минута, откако Полјакот доби фантастично додавање во шеснаесетникот и го претвори во гол 1:0.

Девет минути подоцна нафрли Педри, а Алехандро Балде од одлична позиција ја погоди мрежата на градскиот ривал за 2:0, па навивачите на Барса веќе можеа да почнат да слават.

Во 25. минута Левандовски се обиде со удар од работ на шеснаесетникот, но не беше прецизен, но се поправи во 40. минута кога повторно доби добра топка, излезе пред Фернандо Пачек и по трет пат им донесе радост на навивачите на неговиот тим.

Четвртиот гол беше дело на Жил Кунде во 53. минута, а головите за домашните ги постигнаа Хави Пуадо во 73. минута со прекрасен лоб удар, а Хоселу во финишот на мечот.

Барселона со овие три бода на четири кола пред крајот ја зголеми разликата во однос на Реал Мадрид на недостижни 14 бода, па математички го потврди освојувањето на шампионската титула.

Од друга страна, Еспањол е претпоследен, 19-ти на табелата и на четири кола до крајот се поизвесно е дека следната сезона ќе игра во Сегунда, бидејќи заостанува четири бода зад Ваљадолид на место кое гарантира опстанок во друштвото. од најдобрите

By Author