Демонстрантите со велосипеди застанаа пред седиштето на новинската агенција СТА додека минуваа низ улиците на словенечката престолнина, каде еден од лидерите на протестите, Јаша Jенул, рече дека владата се обидува да ја задуши слободата на медиумите, и ја опиша агенцијата како „еден од симболите на слободата на медиумите“.

Откако запалија „симболичен оган на востанието“ пред зградата на СТА, демонстрантите продолжија кон Плоштадот Република, каде запалија „протестни огнови“ пред зградата на парламентот, придржувајќи се на традицијата за палење огнови вечер таа пред Меѓународниот ден на трудот.

Протестот, кој се одржа и покрај забраната за собирање на повеќе од 10 лица, помина мирно, а повеќето од учесниците носеа маски.Во поканата за собирот, движењето на Националното протестно собрание изјави дека сегашната влада не ја претставува идејата за „нашите предци кои се бореле за слобода“ и дека мнозинството од населението не сака да продолжи по патот што води до кршење на демократијата и владеењето на правото.

Движењето посочи дека, откако 10.000 демонстранти се собраа во Љубљана во вторникот за да изразат недоверба на владата, сега е редот на пратениците да го сторат истото.

Демонстрантите на масовни

от протест во вторникот со транспаренти и изјави за печатот рекоа дека се обединиле против „владата на стравот“ за која тврдат дека е актуелна влада, дека се залагаат за демократија, слобода и владеење на правото и ја повикаа владата да поднесе оставка.

By Author