Во вторник започнува масовната имунизација со вакцините кои денеска пристигнаа од Кина, напиша министерот Венко Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.

„Двесте илјади вакцини обезбедивме во директни преговори со производителот Синофарм. Апелирам до сите граѓани кои до сега не се пријавиле на официјалната веб страна да го сторат тоа, како поскоро би добиле термин за вакцинирање“, стои во неговата објава.

By Admin