Фудбалерите на Виљареал го совладаа Реал Мадрид со 3:2 на гости во 28. коло од Примера, па Барселона сега има 12 бода повеќе со натпревар помалку.
Сепак, мечот остана во сенка на скандалот наместо да стане приказна дали Реал ја испуштија домашната титула.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, го чекаше играчот на Виљареал, Алекс Баена на паркингот и го нокаутираше, потврди утринава ESPN.
Баена во текот на целиот натпревар даваше гнасни и одвратни коментари за сопругата на Валверде.
Меѓу другото, тој ја навредувал сопругата, а наводно му рекол и нешто за време на натпреварот од Купот на кралот по груб старт.
„Плачи сега кога знаеш дека твојот син нема да се роди.
Имено, во текот на февруари, Мина Бонино, сопругата на Валверде, напишала дека верува дека го изгубила детето. Сепак, подоцнежните тестови покажаа дека се е во ред со бременоста.
Валверде никогаш не му го прости ова, па му ја кажа првата работа по пристигнувањето во Мадрид.
„Не заборавив што рече“.
Се обиде да стигне до Баена и на теренот, но кога не успеа го избра паркингот. Тој го удри со тупаница својот ривал во глава и на цел глас извика „Не допирајте го моето семејство“.
Баена останал во шок и почнал да повикува полиција и обезбедување, кои се вклучиле и спречиле натамошни последици. Наводно, се` снимиле фудбалерите на Виљареал од автобусот, кратко прокоментирал репрезентативецот на „жолтата подморница“ Ќеиско Надал.
„Валведере е криминалец и кукавица“, напиша Надал на Твитер, но објавата набрзо беше избришана. Виљареал разговарал со полицијата за да види што понатаму.
Наводно, ABC контактирал со Реал, а клубот само рекол „Па, не го удрил на теренот“.
Ваков скандал одамна не е виден во фудбалот, фудбалерите да се пресметаат на паркинзи. Според се, полицијата има снимки и неколку фотографии, а се вели дека на лицето на Баена се гледаат траги од удар.