Во продолжението од осминафиналето на Лигата на шампионите во фудбал, а откако поминаа Бенфика и Челзи, ним им се придружија и Баерн и Милан.

Лигата на шампионите продолжи и моќниот Пари Сен Жермен испадна од елитното натпреварување, откако по вторпат загуби од Баерн, сега со 2:0 во Минхен, по 0:1 во главниот град на Франција, а тимот на Милан во Лондонја сочува минималната предност од првиот меч со Тотенхем, па со тие 1:0 од Италија и 0:0 во вториот натпревар, првпат по 11 години помина меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

Тимот од Париз „Светци“ беше направен да „царува“ меѓу фудбалските екипи. Затоа е направен најголемиот трансфер на сите времиња, кога од Барселона го доведоа Нејмар. Затоа Килијан Мбапе беше доведен од Монако во вториот најголем трансфер во историјата на фудбалот. Затоа пристигна Лионел Меси, по завршувањето на соработката со Барселона.

Но ниту тие, ниту остатокот од тимот кој е проценет на 889 милиони евра, ниту годинава не успеаја да ја освојат европската круна.

Решавачките голови ги постигнаа Ерик Максим Чупо-Мотинг во 61. минута по големата грешка на париската одбрана и Серж Гнабри во 90. минута.

Уште од самиот старт го видовме високиот интензитет и пресингот на Кристоф Галтие, но тој не им помогна да стигнат до еден многу важен гол.

До 15. минута големи проблеми на Баварците им правеа Лионел Меси и Килијан Мбапе, кои во 19. минута ја имаа најубавата шанса во првото полувреме, но Јан Зомер три пати ги спречи неговите обиди.

Лионел Меси имаше одлична можност во 25. минута откако ја прими топката во шеснаесетникот на Баерн, но Зомер повторно излезе навреме за да го спречи Аргентинецот да постигне гол.

Својата шанса Баерн најмногу ја чекаше од контранапад, а првата шанса ја имаше во 31. минута, кога Џамал ​​Мусиала шутираше од корнер во шеснаесетникот, но Џанлуиџи Донарума беше подготвен и со одлична одбрана ја зачува својата мрежа.

Херој на Баварците во првото полувреме беше Матиас Де Лихт, кој во 38. минута ја исчисти топката од гол-линијата по обидот на Виња.

Избраниците на Јулијан Нагелсман позадоволни заминаа на полувремето, а тоа се покажа уште на стартот од вториот дел.

Баерн тргна по голот кој ќе реши се и успеа да го стигне во 51. минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Чупо Мотинг беше прецизен, но Томас Милер влијаеше на играта од офсајд позиција и му пречеше на голманот Џанлуиџи Донарума и голот беше поништен.

Сепак, Баварците не мораа долго да чекаат за да слават, бидејќи Чупо Мотинг постигна гол во 61. минута по големата грешка на Марко Верати.

Италијанецот ја загуби топката на средината од теренот, до неа стигна Томас Милер и брилијантно му ја додаде на Камерунецот кој немаше тешка задача.

Французите како да се откажаа после тоа и до крајот на натпреварот не успеаја да дојдат до поверојатна шанса за гол.

Конечните 2:0 повторно ги сокри Верати, со губење на топката на работ од противничкиот шеснаесетник. Тоа започна контранапад на тимот од Минхен, а резервистот Кансело навремено го проигра Гнабри за голема победа и премин во четвртфиналето.
Со вториот гол во 90. минута, кој го постигна Серж Гнабри, Баерн додаде „сол на раната“ за парижаните кои повторно ќе останат без трофејот во Лигата на шампионите.

Кога станува збор за реваншот во Лондон, тој започна со десет минути доцнење поради сообраќајниот метеж, поради што Росо-нерите доцнеа на стадионот, но на крајот токму тие „отидоа дома пеејќи“ и го сочуваа предност од првиот натпревар.

Во воведните 45 минути гостите целосно ги прекинаа сите обиди на Тотенхем да ја надополнат негативата и не брзаа во нападите, па полувремето заврши без ниту еден удар кон голот, а два непрецизни на двата. страни на теренот.

Продолжението донесе нешто повозбудлива игра, малку поконкретна од страна на Тотенхем, но поопасна од Росонерите. А работата на гостите беше уште олеснета кога Ромеро на крајот доби црвен картон поради невнимателен старт.

Во третата од шесте минути судиско продолжение, Сон изведе одличен слободен удар, Хари Кејн ја зафати топката со глава, но голманот Мајнјан успеа да ја сочува мрежата на Милан. Половина минута подоцна, во контра напад на Милан, стативата го спаси Тотенхем по ударот на Ориги.

By Author