Ракометарите на Шпанија го победија актуелниот европски шампион.
– Шведска, во мечот за третото место на светското првенство во ракомет. Спектакуларната борба за бронзата донесе дожд од голови, а „фуријата“ ги совлада „викинзите“ со 39:36. Навистина е тешко да се запамети дека на еден ракометен натпревар, на кој репрезентациите се бореа за медал, се виде толкав број на голови.
Влогот беше голем, борбата за медал, но тоа не ги спречи и двата тима да одиграат растеретено, што резултираше со многу ефикасен дуел, особено во првиот дел, кога буквално се постигнуваше гол од напад во напад.
Скандинавците подобро го отворија мечот, на стартот водеа со 4:2, потоа поведоа Шпанците, па Шведска, Шпанија, Шведска… Се додека Швеѓаните првпат не стигнаа до плус три, па водеа со четири поени. , а на полувремето резултатот гласеше 22:18.
На почетокот на вториот дел Шпанија направи серија и од минус четири отиде на плус два (25:23). Иако се обидоа на сите начини, Швеѓаните не успеаја да се вратат.
Шпанците мајсторски ја одржаа таа предност и освоија нов медал.
Фигуерас денеска беше непогрешлив пред голот на Шведска, постигна девет гола, а придонес за победата имаа и другите, особено Душебаев со седум гола и неколку одлични асистенции. Канељас мечот го заврши со пет гола, колку што постигна и Фернандез.
Ване постигна девет гола во Шведска, Екберг седум, а Лагергрен пет. Сепак, ниту тоа не беше доволно за актуелниот европски првак да освои медал.
Ова е трета бронза за Шпанците, заедно со две злата на светските првенства. Тие освоија бронзени медали во 2021 година во Египет и во 2011 година во Шведска.