Една година од смртта на познатиот фронтмен на групата „Парни ваљка“
Денеска се навршува една година од смртта на музичарот Аки Рахимовски. Тој остана запаметен како фронтменот на групата „Парни ваљак“, а денеска неговиот син Кристијан Рахимовски објави емотивно видео со својот татко.
– Ми недостигаш тато. Ништо помалку не боли од порано. Можеби со време. Залудно се борам со оваа тага во мене како со ветерница. Можеби со време. Спиј мирно, тато. Тука си те чувам. Сите ние те чуваме. Спиј мирно – напиша Кики во описот на објавата.