Едсон Арантес до Насименто , бразилскиот фудбалски крал кој освои рекордни три светски првенства и стана еден од најпознатите спортски личности во минатиот век,почина на 83-годишна возраст. Пеле засекогаш замина во легендите.

Пред Мундијалот во Катар бил примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ која се наоѓа во Сао Паоло, а за време на Мундијалот се јавил и рекол дека ќе може да ја надмине тешката болест. За жал, болеста беше посилна.

Во кариерата играше само за два клуба, за неговиот Сантос во Бразил и подоцна, кога имаше финансиски проблеми, за Њујорк Космос. Со репрезентацијата освои три Светски првенства – во 1958 година, потоа следното во 1962 година и на крајот во 1970 година.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата почина по долга борба со ракот. Успеал да го оперира дебелото црево и да го отстрани ракот, но подоцна се појавиле метастази на други делови од телото.

Светот почна емотивно да се збогува со него и великаните почнаа да испраќаат последни поздрави.

Последно збогум на Пеле:

Пораки од целиот свет

Драган Стојкович Пикси

Кристијано Роналдо

Роналдо Назарио

Лионел Меси

Питер Шмајхел

Самјуел Ето

Џејми Карагер

Нејмар

Тијаго Силва

By Author