Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи на КОВИД-19, 60 оздравени пациенти, и нема регистрирани починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327.