Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19, 39 оздравени пациенти и нема регистрирано починати лица.

Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се 7 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.

By Author