Лејвер купот се организира по петти пат, а овој пат ќе се одржи во Лондон во величествената О2 арена, која навистина помести многу стандарди. Никогаш повеќе нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Марио и Роџер Федерер на едно место и во која било натпреварувачка форма.
Овие четворица имаат освоено дури 66 Грен слем титули низ годините и ретко кога е забележана таква доминација во ера на спорт.
Лејвер купот официјално започнува на 23 септември, а сега се знае кој кога ќе излезе на терен.
На изненадување на многумина, првиот ден на теренот нема да го видиме Новак Ѓоковиќ, кој најверојатно на теренот нема да биде до 24 септември.
Првиот ден ќе биде отворен со сингл помеѓу Каспер Руд и Џек Сок. По нив на теренот ќе излезат Стефанос Циципас и Диего Шварцман.
Во третиот меч во денот, односно првиот во ноќната сесија ќе играат Енди Мареј и Алекс де Минор, додека спектаклот е резервиран за самиот крај.
Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе играат против Сок и Френсис Тиафо во конкуренција на двојки.
Тоа може да биде последен меч за Швајцарецот во професионалниот тенис, а се очекува трибините да бидат исполнети до крај.