Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи, Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти. Во моментов активни се 689 случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број на ново заболени (89), реинфекции се 26.
Во текот на изминатите 24 часа, е пријавено едно починато лице од Струмица(71г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, а на починати е 9.521.