Турнир кој засекогаш ќе се памети.
Главна вест во светот на тенисот беше најавата на Роџер Федерер дека ќе ја заврши професионалната кариера по Лејвер купот.

Федерер во емотивна исповед најави дека неговото тело повеќе не може да ги издржи професионалните напори и дека е време да ја заврши кариерата.

Така, неговиот последен настап ќе биде на Лејвер купот во Лондон од 23 до 25 септември.

Турнирот се игра по принципот на тимот на Европа против селекцијата на светот. Со него во тимот ќе бидат неговите најголеми ривали Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј. Европа ќе ја претставуваат и Стефанос Циципас и Каспер Руд.

Во светскиот тим ќе бидат Феликс Огер-Алиасиме, Тејлор Фриц, Диего Шварцман, Алекс де Минор, Френсис Тиафо и Џек Сок.

Се очекува голем спектакл и многу емоции.

By Author