Кошаркарите на Германија се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот победувајќи ја Црна Гора со 85:79 (19:10, 29:14, 19:26, 18:29) во Берлин.

Овој меч за малку ќе назначеше голем пресврт за Бошко Радовиќ, но „панцерите“ го одбија налетот и успеаја да ја прескокнат првата елиминациска рунда на ЕП.

Домашните играчи одиграа фантастична кошарка во првото полувреме, па на пауза заминаа со големи +24 – 48:24. Сепак, Црна Гора одби да се предаде и ги принуди Германците да се борат за да стигнат до триумф.

Полека, но сигурно Бојан Дубљевиќ и другарите ја топеа предноста на ривалот и на почетокот на четвртата четвртина по тројката на Кендик Пери успеаја да заостанат пет поени – 69:64, а во самата завршница дури на минус три – 80:77. Беше неизвесна завршница, но немаше сила и време за пресврт, бидејќи Пери направи неспортски фаул на 24,4 секунди до крајот.

Сепак, избраниците на Горди Херберт не дозволија изненадување и успеаја да ја оправдаат улогата на фаворити и да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето, чие финале се игра во Берлин.

Денис Шридер со 22 поени ја предводеше Германија до победата, а Франц Вагнер и Маодо Ло постигнаа по 14. На другата страна најмногу се истакна Кендрик Пери со 25 поени, а еден помалку Бојан Дубљевиќ.

By Author