Истиот ден поразени европскиот и светскиот шампион, фаворитите Шпанија и Словенија.

КОШАРКАРСКИТЕ репрезентации на Шпанија и Белгија ѓи одмерија слите во третото коло од групата А на Евробаскетот. По голема борба се виде вистинска сензација, а Белгијците триумфираа против велесилата на магичната игра под обрачите со резултат 83:73, но ова не е единственото изненадување денес

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја совладаа Словенија во натпреварот од третото коло, групата Б со 97:93.

Босанците покажаа дека можат да изненадат тимови како европскиот првак и дека никому нема да му бидат лесен ривал.

Лука Дончиќ не беше на своето шутерско ниво, иако и на други начини придонесе за играта.

Од друга страна, Џон Роберсон беше многу мотивиран и ја предводеше Босна до важен и голем триумф, кој сериозно ја става Босна и Херцеговина во борба за првото место во групата.

Роберсон беше најефикасен кај победниците со 23 поени, Џанан Муса постигна 22, Миралем Халиловиќ додаде 13 поени и имаше десет скока.

Двоцифрени беа и Един Атиќ со 12 поени и шест скока, како и Јусуф Нуркиќ со 12 поени и девет скока.

На другата страна, Влатко Цанчар постигна 22 поени за Словенија, Горан Драгиќ постигна 20, Дончиќ постигна 16, Клемен Препелиќ постигна 12, а Мајк Тоби постигна 11.

Босанците навестија големо изненадување со одличен старт и рана серија од осум поени за воведни 8:0.

Сепак, Словенците набрзо влегоа во својата серија и пред крајот на првата четвртина направија пресврт и по десет минути водеа со 32:26. На полувреме словенците заминаа со три поени предност, за третата четвртина Босна да ја заврши со поен предност  73:72.

Потоа Босна повторно успеа да направи пресврт, Роберсон погоди важна тројка на три минути пред крајот за 91:86, само за Един Атиќ да ја смести топката во кошот на 53 секунди до крајот за недостижни +4 и одлична победа за Босна и Херцеговина.

By Author