Николина Пишек по пауза од неколку години повторно ќе се најде пред камерите.

Како што е најавено на социјалните мрежи, Пишекова ќе работи за ТВ Уна.

Таа ќе води емисија која ќе обработува интригантни животни теми.

„Отворено ќе зборуваме за спектарот на прашања околу кои се врти модерниот живот. Разновидноста на ставовите ќе донесе динамика и интересен тон, ќе биде жив, енергичен, информативен, охрабрувачки и се со цел да го разубави животот во нашиот заеднички простор, едноставно да го подобриме светот околу нас, потенцира Николина во официјалното соопштение.

Да потсетиме, Николина ја водеше емисијата „Glamour Caffe“ на ХРТ, а по нејзиното прекинување ја водеше забавната емисија „Шпица“ со Марија Петрековиќ.

Таа се појави и во една епизода од популарната ТВ серија „Кучки и принцези“, а учествуваше и во шоуто на ХРТ „Танц со ѕвездите“.

By Author