Канадската репрезентација го искористи киксот на Американците и стигнаа до златото.
Во машка конкуренција во штафетата 4х100 метри златото им припадна на Канаѓаните. Го искористија киксот на Американците во финишот на трката и стигнаа до победата. Канаѓаните постигнаа резултат од 37,48 секунди. Брендон Родни, Џером Блејк, Арон Браун и Андре Де Грас трчаа за Канада.
Американската штафетна екипа, која беше фаворит на СП, го освои второто место (37,55 секунди). Американците од 2001 година само три пати биле светски шампиони. Домашниот тим го претставуваа Кристијан Колман, Ноа Лајлс, Елајџа Хол и Марвин Брејси.
Бронзениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија (37,83 секунди). За Британците се кандидираа Џона Ефолоко, Џарнел Хјуз, Натаниел Мичел-Блејк и Рис Преско.